Meмертиза Хамза/F.C. Struga

ВИДЕО: Македонија Ѓ.П немоќна во Струга, киксираше и голманот Ристо Јанков

Eкипата на Струга славеше победа од 3-0 во првиот натпревар од третиот круг во ПМФЛ и тоа со 3-0 против Македонија Ѓорче Петров.

Работата домаќините ја завршија уште во првото полувреме кога ги постигнаа сите три погодоци. Резултатот беше отворен по само седум минути игра кога голманот Ристе Јанков лошо реагираше по еден не толку опасен удар, а Мемертиза Хамза се запиша во листата на стрелци за 1-0.

Се играше 26-тата минута кога Бојку зголеми на 2-0, додека пред крајот на првиот дел Јевтовски ги постави конечните 3-0. Македонија Ѓорче Петров беше далеку од некакво враќање и во вториот дел, ретко се доближуваа до домашниот голман, па така Струга немаше проблеми да го зачува резултатот.

Струга така по првата победа минатиот викенд по враќањето од паузата, сега ја запиша и втората со што се доближи до два бода на Шкендија и пет на лидерот Вардар, сепак двете првопласирани екипи имаат и по еден натпревар помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот