ВИДЕО: Мајсторија на Бабунски против Пушкаш Академија

бабунски
Доријан Бабунски најзаслужен за триумфот на Дебрецен/Фото: dvsc.hu

Во рамките од 21 коло во најсилното унгарско првенство составот на Дебрецен славеше со 0:2 на гостувањето кај Пушкаш Академија.

Стрелец на двата гола беше новото засилување, македонскиот напаѓач Доријан Бабунски кој реализираше во 17 и 70 минута.

Неговиот брат Давид Бабунски исто така беше стартер во редовите на Дебрецен настапувајќи до 61 минута.

Моментно на табелата во шампионатот Дебрецен е на осмото место со 25 бодови.

Во следното коло браќата Бабунски ќе играат против МТК на нашиот репрезентативец Бојан Миовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот