Мајорка/Mallorca RCD

ВИДЕО | Мајорка ја доби драмата со Реал Мадрид – Барселона може да дојде на чекор од титула

Фудбалерите на Реал Мадрид доживеаја шокантен пораз на гостувањето кај Мајорка (2-1), со што значително се искомплицира нивната трка за шампионската титула во Ла Лига.

„Кралевите“ отпатуваа на островот со цел да ѝ се доближат на Барселона на само еден бод негатива, но наместо тоа, каталонскиот ривал сега има отворена можност да избега и на седум бодови предност, разлика која би можела да биде пресудна во борбата за титулата.

Домаќините поведоа во 41. минута преку Ману Морланес, резултат со кој се замина на паузата. Вториот дел долго време не понуди возбудувања, но завршницата донесе вистинска драма.

Кога изгледаше дека Едер Милитао ќе донесе бод за Реал со израмнувачкиот гол во 88. минута по корнер, следуваше нов шок за гостите. Во судиското продолжение, Ведат Муриќи ги згасна надежите на „кралевите“ со погодок за голема победа на Мајорка.

Со оваа победа, Мајорка избега од опасната зона за испаѓање, додека Реал Мадрид останува на втората позиција, со четири бодови заостанување зад Барселона и натпревар повеќе одигран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот