ВИДЕО | Мајкл Џеј Фокс ја расплака публиката на БАФТА: Стана од инвалидската количка и ја додели наградата за најдобар филм

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Легендарниот актер Мајкл Џеј Фокс (62) беше пречекан со овации од страна на публиката на 77. доделување на филмските награди на Британската академија за филм и телевизија – БАФТА. Тој се појави на сцената во инвалидска количка, за да го најави победникот во категоријата за најдобар филм.

Актерот, кој се соочува со Паркинсова болест уште од 1991 година, излезе на сцената во инвалидска количка и доби исклучително топол прием од стана на публиката во лондонската сала Ројал фестивал хол, која таа вечер беше исполнета од некои од најголемите актери на денешницата.

Фокс присуствуваше на доделувањето на наградите со сопругата Трејси Полан (63). Додека Фокс облече целосно црн костум за оваа пригода, Полан се одлучи за бел фустан со кратки ракави и со сребрени украси на градите.

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Фокс, познат по култните филмови како „Враќање во иднината“ („Back to the Future“), беше видно трогнат од реакцијата на публиката во лондонската сала Ројал фестивал хол и потоа ја додели наградата за најдобар филм, која ја доби животописниот трилер „Опенхајмер“ („Oppenheimer“).

Водителот на настанот, шкотскиот актер Дејвид Тенант, го опиша Фокс како „вистинска легенда на кинематографијата“.

Фокс истакна дека филмот е важен за зближување на луѓето, „без разлика кои сме и од каде сме“.

„Има причина зошто велат дека филмовите се магија – филмовите можат да ви го променат денот. Тие можат да го променат вашиот поглед на животот. Понекогаш можат да ви го променат животот“, изјави актерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот