ВИДЕО: Мајами на чекор до финале во Источната конференција

фото: EPA-EFE/RHONA WISE

Екипата од Флорида стигна до 3:1 во полуфиналето на Источната конференција во НБА плеј-офот откако на домашен терен го совлада Њујорк со 109:101.

По убедливиот триумф против Никс во последниот меч, овојпат Мајами мораше многу повеќе да се помачи за да победи, а тоа му успеа во финишот на мечот, па сега е на чекор до пласман во финалето на Истокот.

Најдобар играч во победничкиот тим повторно беше Џими Батлер, кој постигна 27 поени, со 10 асистенции, а го следеше Бем Адебајо со 23 поени и 13 скока. Одличен беше и Макс Штрус со 16, додека поен помалку додаде Кајл Лаури.

Од друга страна, не беше доволен учинокот на Џејлен Бренсон, кој имаше 32 поени и 11 асистенции.

Петтиот натпревар е закажан за ноќта меѓу среда и четврток, а дуелот започнува од 01.30 часот.

Победникот од оваа серија ќе се сретне со Бостон селтикс или Филаделфија сиксерс во финалето на Источната конференција. Во таа серија моменталниот резултат е 2:2, а следниот меч е закажан во Бостон, в среда наутро, од 01.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот