ВИДЕО: Лутон само го налути Ливерпул, „црвените“ на врвот во Премиер лигата

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Во рамките од 26 коло во Премиер лигата денеска на стадионот „Енфилд“ фудбалерите на Ливерпул ја оправдаа фаворитската улога против Лутон (4:1).

Гостите водеа по првото полувреме со погодокот на ирскиот интернационалец Огбене во 12 минута.

Домаќините направија целосен пресврт во вториот дел, најпрвин израмнија со голот на ван Дајк во 56 минута, а само 120 секунди подоцна за 2:1 се погрижи Гакпо.

Во 71 минута Дијаз стрелаше за 3:1 после асистенцијата на Робертсон, а конечниот епилог го постави Елиот (90`).

На табелата „црвените“ се на првата позиција со 60 бодови, четири повеќе од второпласираниот Манчестер сити кој има еден натпревар помалку.

Лутон кој до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во елитата моментно е на 18 позиција со 20 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот