ВИДЕО | Лука Дончиќ испиша историја, никој досега не го направил ова во НБА
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ продолжува да го оправдува својот статус на суперѕвезда во НБА лигата, откако минатата сезона пристигна во Лос Анџелес лејкерс од редовите на Далас маверикс.
Препорачано
По натпреварот на Лејкерс против Јута во неделата во кој триумфираа „езерџиите“, Дончиќ стана првиот играч во историјата на лигата што постигнал повеќе од 400 поени и 100 асистенции во првите 12 натпревари од сезоната. Досега вкупно запиша 414 поени и 107 асистенции во дресот на Лејкерс.
Дончиќ не играше во сите натпревари оваа сезона. Откако постигна над 40 поени во првите два дуела, тој паузираше три мечеви поради повреда. Се врати на 31 октомври против Мемфис, кога повторно постигна 40 поени. Беше под 30 поени за прв пат на 2 ноември, но дури и тогаш забележа трипл-дабл во победата над Мајами.
Дончиќ е во одлична форма во последните недели. Во првиот дуел со Јута на 18 ноември, тој постигна 37 поени со 10 асистенции, а воедно им донесе на Лејкерси убедлива победа од 140:126.
Во неделниот дуел во Солт Лејк Сити, тој помина 40 минути на паркетот и реализираше 33 поени (10/24 шут од поле, 3/12 тројки), со 11 скока и осум асистенции, што беше клучно во тесната победа на Лејкерси од 108:106.


