ВИДЕО: Луд пресврт на Тотенхем, Јунајтед сигурен на гости

Стивен Бергвајн му донесе голема победа на Тотенхем/ фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABAGALA

Фудалерите на Тотенхем го совладаа Лестер со 2:3 како гости со неверојатен пресврт и два постигнати голови на Стивен Бергвајн во судиското продолжение.
Иако изгледаше дека Антонио Конте ќе го доживее првиот пораз како менаџер на Тотенхем во Премиер лигата, но Холанѓанецот Бергвајн со два гола, во 95. и во 97. минута режираше неверојатен пресврт за победа на тимот од Лондон.

Бергвајн се покажа како вистинки џокер бидејќи влезе во игра во 79 минута и прво најдобро се снајде во шеснаесетникот и го совлада Шмајхел, а потоа ја искористи заспаноста на домашните фудбалери за да донесе голема победа на Тотенхем.

Со новите три бода Тотенхем сега вкупно 36 за петто место на табелата и само бод помалку од четвртопласираниот Вест Хем од кого има три натпревари помалку.

Манчестер јунајтед оствари тримф од 1:3 на гостувањето кај Брентфорд и тоа со голови постигнати во второто полувреме. Са самиот старт од вториот дел, Еланга во 55 и Гринвуд во 62 минута донесоа предност од 0:2, а победата ја завери Рашфорд во 77 минута. Домашниот тим во финишот преку Тони само постигна почесен гол.
Јунајтед сега е на делбана шестото место на табелата со 35 бода, додека Брентфорд остана на 23 бода за 14 позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот