ВИДЕО: Ливерпул во нокаут-фазата, Ајакс и Аталанта во директна битка за второто место

Фото: EPA-EFE/Paul Ellis

Во групата „А“ вечерва во Лигата на шампионите на вториот меч ремизираа екипите на Атлетико Мадрид и Баерн Минхен (1:1). Во 26 минута Љоренте во прав момент го пронајде Жоао Феликс кој од непосредна близина ја затресе мрежата на Нубел. Актуелниот европски шампион не дозволи на крајот да биде поразен, дојде до реми во 86 минута од пенал кој го реализираше Милер врз кој претходно беше направен фаул во казнетиот простор.

Со ова реми Салцбург ги одржува шансите за второто место кое води во осминафиналето, а Австријците доколку сакаат да ја остварат целта, ќе мора во последната шеста рунда на домашен терен да го совладаат Атлетико.

Во групата „Б“ Интер дојде до првиот триумф и тоа во Германија над Борусија Менхенгладбах (2:3). Со овие три бода „неро-аѕурите“ остануваат во битка за учество во нокаут-фазата, а за тоа ќе мора да одат на победа и против Шахтјор на „Џузепе Меаца“.

Манчестер сити и Порто од групата „Ц“ се осминафиналисти, а за место во Лига Европа ќе се борат Олимпијакос и Марсеј. Ливерпул исто така ќе игра во нокаут-фазата, а во последното шесто коло во групата „Д“ во директна пресметка за втората позиција во Холандија ќе играат Ајакс и Аталанта.

Лига на шампиони 2020/21

5. коло, резултати –

Група „А“
Локомотив Москва-Салцбург 1:3
Атлетико Мадрид-Баерн Минхен 1:1

Табела: Баерн Минхен 13 бодови, Атлетико Мадрид 6, Салцбург 4, Локомотив Москва 3.

Група „Б“
Шахтјор Доњецк-Реал Мадрид 2:0
Борусија Менхенгладбах-Интер 2:3

Табела: Борусија Менхенгладбах 8 бодови, Шахтјор Доњецк 7, Реал Мадрид 7, Интер 5.

Група „Ц“
Марсеј-Олимпијакос 2:1
Порто-Манчестер сити 0:0

Табела: Манчестер сити 13 бодови, Порто 10, Олимпијакос 3, Марсеј 3.

Група „Д“
Ливерпул-Ајакс 1:0
Аталанта-Митјиланд 1:1

Табела: Ливерпул 12 бодови, Аталанта 8, Ајакс 7, Митјиланд 1.

ВИДЕО: Реал вторпат нокаутиран од Шахтјор, Салцбург бара „услуга“ од Баерн!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот