ВИДЕО: Реал вторпат нокаутиран од Шахтјор, Салцбург бара „услуга“ од Баерн!

Фото: EPA-EFE/Sergey Dolzhenko

Се одиграа првите два натпревари денеска од петтото претпоследно коло во Лигата на шампионите, слават екипите на Салцбург и Шахтјор Доњецк.

Во рамките од групата „А“ Салцбург ги одржува шансите за првите две позиции кои водат во осминафиналето откако на стадионот во Москва славеше против Локомотив со резултат 1:3.

Бериша ги постигна првите два гола за австрискиот клуб во првото полувреме, намалија Русите од пенал кој го реализираше Миранчук, а трите бода за гостите ги потврди Адејеми во 81 минута од средбата.

Моментно на табелата води Баерн Минхен со 12 бодови и е веќе во нокаут фазата, пред Атлетико Мадрид (пет), Салцбург (четири) и Локомотив Москва (три). Австријците се надеваат дека вечерва Шпанците нема да триумфираат на домашен терен против актуелниот европски шампион, а доколку се случи тоа „црвените бикови“ ќе ги загубат шансите, односно ќе останат само во трка за третата позиција која води во Лига Европа.

Во групата „Б“ Реал Мадрид по вторпат е поразен од Шахтјор Доњецк овојпат на Олимпискиот стадион во Киев со 2:0. Украинците своите погодоци ги реализираа во 57 минута преку Дентињо и 82 минута кога мрежата на Куртоа ја затресе Соломон. Интересен е податокот што двајцата стрелци на овој меч беа резерви.

Така, Шахтјор останува во трката за елиминациските борби во елитното натпреварување, а тоа воедно значи дека Интер на вечерашниот дуел против Борусија Менхенгладбах во Германија нема друга опција освен победа доколку сака да остане на меѓународната сцена.

Во генералниот пласман води Борусија Менхенгладбах со осум бодови, пред Шахтјор Доњецк и Реал Мадрид по седум, а Интер е на дното со два.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот