ВИДЕО: Лидс убедливо поразен, цел меч за Алиоски против Кристал Палас!

Фото: EPA-EFE/Glyn Kirk/POOL

Денеска на „Селхурст парк“ составот на Лидс загуби со резултат 4:1 на гостување кај Кристал Палас. Ова е веќе втор пораз по ред за играчите на менаџерот Марсело Биелса вкупно четврти сезонава во Премиер лигата.

Целиот натпревар за гостите го одигра Езџан Алиоски кој наскоро ќе им се врати на обврските со македонската А репрезентација. Во 12 минута после изведен корнер од Езе највисоко скокна Ден кој со глава ја затресе мрежата на францускиот голман Меслие.

Пет минути подоцна еден крајно сомнителен момент, главниот судија поништи автогол на Бамфорд за израмнување поради офсајд. Домаќините ја зголемија предноста благодарение на Езе кој прекрасно стрелаше од слободен удар, а Лидс единствениот погодок го имаше во 27 минута преку Бамфорд после асистенцијата на Клих.

ВИДЕО: Фернандеш ги враќа насмевките, прв гол на Кавани за Јунајтед!

Непосредно пред паузата автогол си постигна Коста, а во второто полувреме трите бода на домаќините ги потврди Ају (по додавањето на Заха) чиј удар не успеа да го блокира Алиоски.

Моментно на табелата клубот од „Иланд роуд“ е на 14 позиција со 10 бода, а после репрезентативните обврски на 22 ноември Лидс ќе го пречека Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот