ВИДЕО: Фернандеш ги враќа насмевките, прв гол на Кавани за Јунајтед!

Фото: EPA-EFE/Carl Recine/POOL

Денеска во првиот натпревар од саботната програма во осмото коло од Премиер лигата, составот на Манчестер јунајтед триумфираше со 1:3 над Евертон.

Во 19 минута од средбата Бернард донесе водство на „Гудисон парк“ за домаќините, претходно акцијата имаше само две додавања, од Пикфорд кој го пронајде Калверт-Левин, овој со глава само ја продолжи топката до стрелецот.

Повторно Оле Гунар Солскјер беше загрижен на клупата, со оглед на големиот притисок кој се прави од британските медиуми за негов можен отказ, но негативата траеше само шест минути. Шо прекрасно центрираше во казнетиот простор на „карамелите“, а таму највисоко скокна Фернандеш за израмнување на резултатот.

Во 32 минута португалскиот репрезентативец доаѓа и до вториот погодок на мечот, и тоа многу случајно, намерата му беше да асистира до Решфорд за реализација со глава, овој не ја удри, но за среќа на „црвените ѓаволи“ топката заврши во мрежата на Пикфорд.

Фернандеш беше еден од најзаслужните за враќање на Јунајтед на победничкиот пат, во судиското надополнување (90+5`) во една контра беа решени сите дилеми околу победникот, Португалецот асистираше до Кавани на кој не му беше тешко да го реализираше неговиот прв гол за екипата.

Манчестер јунајтед после седум одиграни мечеви сезонава е на 13 позиција со 10 бода, а Евертон кој имаше добар старт, бележи голем резултатски пад, на последните четири дуели има едно реми и дури три порази по ред за моментно петто место во генералниот пласман со 13 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот