ВИДЕО: Лидс до важен бод за опстанок, Бамфорд не реализираше пенал против Њукасл

фото: EPA-EFE/TIM KEETON

Во првиот натпревар од 36 коло во Премиер лигата екипите на Лидс и Њукасл ремизираа на „Еланд роуд“ со резултат 2:2 (1:1). Во меч во кој видовме два пресврти и на крајот поделба на бодовите, меѓу најголемите трагичари се Патрик Бамфорд и Жуниор Фирпо од таборот на домашниот тим.

Лидс поведе со голот на Лук Ејлинг, а потоа Бамфорд имаше шанса од пенал да зголеми на 2:0, но го промаши ударот од 11 метри. Само три минути подоцна стигна казната, од „белата точка“ за израмнување на 1:1 се погрижи Калум Вилсон.

Њукасл беше нешто подобар во понатамошниот период, повеќе притискаше кон голот на домаќините и доби уште еден пенал во 69 минута кога Вилсон повторно беше прецизен за 2:1. На Лидс очајно му требаше да избегне пораз и во тоа успеа во 79 минута кога Расмус Кристесен израмни на 2:2.

Ривалите на Лидс (кој и натаму е во опасната зона за испаѓање на 18 позиција со 31 бод) во борбата за опстанок Лестер кој е на 19 место со 30 бодови во понеделник ќе го пречека Ливерпул, потоа Нотингем кој е на 16 место со 33 бодови денеска ќе му гостува на Челси, а в недела Евертон кој е на 17 позиција со 32 бодови е домаќин на Манчестер сити.

Њукасл и натаму се бори за едно од местата кои водат во групите на ЛШ следната сезона, се наоѓа на третото место со 66 бодови, три повеќе од четвртопласираниот Манчестер јунајтед кој треба да игра против Вулверхемптон во текот на денешниот ден, додека петтопласираниот Ливерпул кој е во победничка серија има 62 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот