ВИДЕО | Левица: Мртва трка меѓу Амар Мециновиќ и Орце Ѓорѓиевски, а во Карпош и Центар имаме водство
Портпаролот на Левица Круме Богевски на првата прес-конференција по затворањето на избирачките места вели дека резултатите што ги има партијата се неизвесни.
Препорачано
-Во голем број од избирачките места има мртва трка меѓу двата кандидати за градоначалници Амар Мециновиќ и Орце Ѓорѓиевски. Засега знаеме дека во Карпош и Центар имаме водство. Во однос на некои избирачки места во Кисела Вода каде градоначалникот Орце Ѓоргиевски учествува во изборите во вториот круг, забележавме дека има водство. Тоа ја отсликува волјата на народот, рече Богевски.
Тој посочи дека за првпат претставник од Левица учествува во изборниот процес за градоначалник на Скопје.
-Задоволни сме од излезноста во урбаните средини, исклучок се општините Чаир и Сарај каде има неверојатно мала излезност а дури и наводи за поткуп за да се мотивираат граѓаните да не излезат на гласање. Тоа за нас е тешка повреда на изборното право. Во однос на резултатите се обидовме да покриеме максимален број на избирачки места со наши набљудувачи. Очекуваме со тоа да бидат воочени сите нерегуларности. Во текот на изборниот ден најголем дел од пријавите беа за нефункционалноста на голем дел од уредите за електронска идентификација на гласачите. Како и секоја изборна година идентификацијата продолжи со класичниот начин на идентификација, со УВ лампи, рече тој.


