ВИДЕО | Лесен оброк за топлото лето: Палачинки од тиквички со растопен кашкавал

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Panna Lesia

На љубителите на солени палачинки ќе им се допадне ова јадење, кое се прави на многу едноставен начин, а бара само неколку состојки. Палачинките од тиквички се многу лесен оброк, па сигурни сме дека често ќе го јадете во топлите летни денови.

Состојки:

– 1 тиквичка
– 3 јајца
– 1 кромид
– 2 чешниња лук
– магдонос, сол
– шолја брашно (од 250 мл)
– листови кашкавал

Подготовка:

Тиквичките и кромидот изрендајте ги на најситно ренде. Ставете ги во сад, па додајте го испасираниот лук, јајцата и зачините, па убаво измешајте. На крајот, измешајте ги со солта и брашното.

На врело масло во тава пржете палачинки. Кога ќе ја потрошите целата смеса, нежно наредете ги палачинките во тавата една врз друга, ставајќи меѓу нив лист кашкавал.

Покријте со капак и оставете на најслаб оган додека кашкавалот не се растопи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот