Шарл Леклер/EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

ВИДЕО: Леклер одличен на последните тестирања – издоминира пред конкурентите

Возачот на Ферари, Шарл Леклер го забележа најдоброто време на последниот ден од предсезонските тестирања пред стартот на новата сезона во Формула 1 на патеката „Сакир“ во Бахреин. Леклер најбрзиот круг го помина за 1:31.992, со речиси девет десетинки предност пред актуелниот шампион Ландо Норис, кој на патеката се појави дури во последните два часа од денот. Најблиску до нив беше возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, кој заврши две и по десетинки зад Британецот.

Денот беше импресивен за Ферари, особено поради вниманието кое го привлече нивното ново задно крило, но тестирањето во петок беше полно со проблеми за Астон Мартин. Тимот, кој го сочинуваат Фернандо Алонсо и Ленс Строл, беше најнепријатното изненадување на предсезоната, со заостанување од два и пол до пет секунди зад водечките.

Леклер го презеде водството на последниот ден, откако претходно најбрзи времиња имаа Џорџ Расел и Кими Антонели од Мерцедес. Р

Нова сезона во Формула 1 стартува со Големата награда на Австралија на „Алберт Парк“ од 6 до 8 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот