Леброн Џејмс/EPA/CAROLINE BREHMAN

ВИДЕО | Лејкерси остварија нова победа, Џејмс не дозволи пресврт на Феникс

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс ги победија Феникс санс со 116:114, продолжувајќи ја својата голема борба за најдобар можен пласман на Западот во НБА лигата.

Лејкерс речиси испуштија голема предност, но успеаја да ги надиграат незгодните Санс со поени од линијата во последниот период.

Тимот на Џ.Џ. Редик имаше водство од 20 поени во последната четвртина, но Феникс успеа да се врати и дури да поведе на 12 секунди до крајот со тројка на Дилон Брукс.

Сепак, Брукс го фаулираше Леброн Џејмс во следниот напад за време на шут за три поени, по што доби техничка грешка, за која беше исклучен.

Џејмс погоди два од четири шута за уште еден пресврт, а Грејсон Ален го промаши победничкиот шут.

Лејкерс беа предводени од Лука Дончиќ со 29 поени, додека Џејмс постигна три помалку. ДеАндре Ајтон заврши со 20 поени и 13 скока.

Девин Букер го предводеше тимот на Феникс со 27 поени. Марк Вилијамс додаде 20 поени, а Брукс имаше 18 поени.

НБА, резултати:

Атланта – Филаделфија 120:117
Бруклин – Милвоки 127:82
Чикаго – Њу Орлеанс 104:114
Минесота – Сакраменто 117:103
Фeникс – ЛА Лејкерс 114:116
Портланд – Голден Стејт 136:131

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот