Единствениот гол за ФК Шкупи против Лех Познањ го реализираше Марјан Радески/Фото: fcshkupi.com

ВИДЕО: Лех Познањ убедливо славеше против Шкупи

Денеска како подготовка за вториот дел од сезоната водечкиот во Првата македонска лига, Шкупи во пријателски натпревар загуби со 4:1 од Лех Познањ.

Полјаците водеа после првото полувреме со головите на Квеквескири во 34. и Милиќ во 38 минута.

Мархвински ја зголеми предноста во 54 минута, а во 69 минута клубот од Чаир го постигна единствениот погодок преку Радески.

Конечниот епилог на натпреварот го постигна Чекала во 75 минута од мечот во Анталија.

Тренерот Гоце Седлоски започна со овие стартни 11: Илјази, Чешмеџиев, Рватубјаје, Брдаровски, Шеји, Сенгхор, Менсах, Инасио, Хамиди, Трапановски, Адетунџи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот