ВИДЕО | Легија објави снимка од хаосот во Холадија и апсењето на двајцата фудбалери

Фото: Screenshot

Mинатата недела по натпреварот помеѓу АЗ и Легија во Алкмар се случуваше вистински хаос, а во полиција завршија и двајца фудбалери на полскиот тим.

За целиот случај немаше многу информации, медиумите во Холандија шпекулираа дека фудбалерите Жосуе и Радован Панков се уапсени затоа што повредиле член на обезбедувањето.

Сега полскиот клуб на својот официјален Јутјуб канал објави видео од се што се случувало по натпреварот, а во него се гледа и моментот на апсењето.

За Португалецот Жосуа апсењето било голема траума и ќе му треба време да се опорави

„Тоа беше ужасна ноќ. Никогаш не сум доживеал нешто толку лошо, толку неправедно. А верувајте ми, сум поминал сешто во животот. Тие часови на неизвесност и стравови кои тогаш ги чувствував не ги посакувам ниту на најголемиот непријател. Излегов од затвор, но ќе ми треба некој период за психички да закрепнам. Знам дека морам да живеам со тоа“, изјави фудбалерот.

ВИДЕО | Скандал во Холандија: Полицијата со пендраци удри по раководството и фудбалерите на Легија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот