ВИДЕО | Скандал во Холандија: Полицијата со пендраци удри по раководството и фудбалерите на Легија

Фото: Screenshot

Голем скандал се случи вчера по завршувањето на натпреварот помеѓу АЗ Алкмар и Легија, а настрадаа фудбалери и членови на раководството на полскиот тим.

Добро познато е дека полските навивачи знаат да прават проблеми, меѓутоа сега најтешко поминаа луѓето од раководството и неколку фудбалери.

Во целиот хаос удари со пендраци добил претседателот на Легија, Дариуш Миодуски, а во тие моменти дел од фудбалерите се впуштиле во пресметка со полицијата. Фудбалерите Жозуе и Радован Панков биле извлечени од автобусот и приведени во полициска станива.

Целиот хаос според информациите на медиумите започнал кога полицијатао длучила да ги затвори вратите на стадионот во Алкмар иако половина од експедицијата на Легија се уште не била излезена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот