ВИДЕО | ЛЕ: Тулуз го изненади Ливерпул, Мурињо и Рома поразени од Славија Прага

Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Tимот на Тулуз приреди изненадување и го совлада Ливерпул на домашен терен во рамките од Лигата Европа и така го презеде второто место во групата задржувајќи ги шансите за место во нокаут фазата.

Важеше францускиот тим за аутсајдер, но Ливерпул со комбиниран состав вечерва загуби со 3:2. Тулуз поведе со голот на Донум по 36. минута, а по паузата, Клоп во игра ги внесе Салах, Собослај, Трент…но тоа не помогна.

Со голот на Далинга Тулуз поведе со 2:0. Ливерпул се врати во игра по автоголот на Касерес, меѓутоа Магри се погрижи повторно Французите да имаат два гола предност. Пред крајот на натпреварот Жота постигна гол за 3:3, но по прегледувањето на ВАР голот беше поништен.

Пораз вечерва забележа и Рома на гости кај Славија Прага со 2:0. Двата гола домаќините ги постигнаа во второто полувреме преку Јурецка и Масопуст.

Кризата за Ајакс ја продолжи Брајтон кој на гости во Холандија забележа победа од 0:2. Победата за премиерлигашот ја обезбедија Ансу Фати и Адингра.

Во останатите натпревари ЛАСК го совлада Унион СЖ (3-0), Виљареал беше поуспешен од Макаби Хаифа (2-1), три бода освои и Леверкузен кај Карабах (0-1), Рен го надигра Панатинаикос (3-1), триумфира и Сервет против Шериф Тираспол (2-1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот