ВИДЕО: Лазаров со гол во последните секунди го спаси Нант од пораз

Кирил Лазаров уште еднаш ја потврди својата класа/ Фото: EPA-EFE/Piotr Polak

Селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, беше најдобар кога беше најпотребно и со гол во финишот го спаси својот Нант од пораз во Лигата на Европа.

Нант на гостувањето кај ГОГ Гудме губеше со 29:28 во последната минута, но Лазаров со голот на десет секунди до крајот на натпреварот му донесе реми на својот тим.

Кирил Лазаров натпреварот го заврши со пет постигнати голови кои ги даде во второто полувреме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот