ВИДЕО: Кучето доби минијатурен бургер, па јасно го покажа своето незадоволство

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Малото симпатично кученце се израдува на вечерата со својот сопственик. Кога ги здогледа кутиите со бургерите, задоволно очекуваше да му се послужи вечерата.

Сопственикот прво ја отвори својата кутија, во која се наоѓаше неговиот стандарден бургер, а потоа ја отвори кутијата на кучето. Но, во таа кутија се наоѓаше минијатурен бургер, што прилично го разбесни кучето.

Кученцето нервозно започна да ржи, јасно давајќи до знаење дека не е задоволно со големината на хамбургерот. Симпатичната снимка објавена на Јутјуб можете да ја погледнете во продолжение…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот