ВИДЕО | Крвта не е вода: Погледнете како игра кошарка синот на Перо Антиќ!

Фото: Принтскрин - Instagram

Актуелниот претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија како и поранешен кошаркар и член на македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ со своите бројни фанови на социјалните мрежи сподели видео кое го направи посебно горд татко.


Антиќ секој слободен момент го користи да помине квалитетно време со неговата дружина. Перо има одлична „екипа“ која секогаш е спремна за некоја партија кошарка. Веќе е познато дека постариот син на поранешниот кошаркар, Лука, е сериозно посветен на овој спорт.

Најстариот син на Перо тргна по стапките на својот татко, а Павел и Петар полека, но со големо внимание ги следат стапките на својот поголем брат и татко.

Лука покрај тоа што тренира, веќе и активно се натпреварува со младинските екипи, а во првите редови на трибините секогаш е тука неговиот татко да го бодри. Антиќ на својот инстаграм – профил објави видео на кое се гледа како синот се натрпеварува со уште еден младински тим.

„Горд татко“ – напиша Перо во описот на видеото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот