ВИДЕО: Косовскиот Балкани го урна Динамо Загреб во Конференциската лига

фото: Marko Lukunić/Pixsell

Во второто коло од „Ц“ во Конференциската лига денеска фудбалерите на Балкани на домашен терен со 2:0 го совлада Динамо Загреб.

Потсетување дека македонскиот репрезентативец Аријан Адеми не е регистриран за натпреварите во Европа, а Стефан Ристовски го пропушти дуелит против косовската екипа поради повреда.

Стрелци на головите беа Круезиу во 44 и Хамиди во 83 минута на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина.

Во истата група чешкиот Плзен на гости со 1:2 триумфираше против Астана. За претставникот од Казахстан меѓу резервите беше Алекса Амановиќ, но не доби минутажа.

На табелата води Плзен со шест бодови, по три имаат Балкани и Динамо Загреб, а ниту еден Астана.

Во другите мечеви од второто коло во Конференциската лига: Бешикташ – Лугано 2:3, Бодо/Глимт – Клуб Бриж 0:1, Бреидаблик – Зорја Луганск 0:1, Гент – Макаби Тел Авив 2:0, Клаксвик – Лил 0:0, О. Љубљана – Слован Братислава 0:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот