ВИДЕО | Кошмарот на многумина: Тиктокерка се заглави со двајца непознати мажи во лифт
Сите сме доживеале често непријатна ситуација, кога станува збор за возење во лифт со сосема непознати луѓе. Иако изгледа како цела вечност, овие возења обично траат само неколку секунди, но што ако трае четири часа?
Препорачано
Токму тоа ѝ се случи на Миа Падила, која го документира своето необично искуство на својот профил на TикТок. Во виралниот клип таа покажа како таа и двајца мажи биле заглавени во лифт 4 часа и неочекуваните начини на кои успеваат да се забавуваат.
@swagmoneyyyy & now were all trauma bonded besties 4 life #elevator #disaster ♬ original sound – mama mia
Иако не можеле ништо, сепак нашле начин да се забавуваат и несреќата со расипаниот лифт ја претвориле во своја ексклузивна забава додека пееле во дует. За среќа на веселото трио, тие на крајот се спасени и видени како излегуваат од лифтот.
Откако видеото беше објавено минатиот месец, стана вирално со повеќе од 13,5 милиони прегледи и над 3,4 милиони допаѓања на ТикТок.
За среќа, триото заврши одлично и го искористи необичното искуство максимално, но за околу 12,5 отсто од населението со одредено ниво на клаустрофобија, ова би бил нивниот најлош кошмар. Интересно е што луѓето кои патат од овој тип на фобија велат дека попрво би биле во расипан лифт со некој, па макар и непознат, отколку сами.


