ВИДЕО: „Кошаркарскиот Моцарт“ – 28 години од смртта на Дражен Петровиќ

Фото: facebook.com/adzija16

На денешен ден пред 28 години, еден од најголемите југословенски кошаркари на сите времиња, Дражен Петровиќ, загина во сообраќајна несреќа на автопатот Нирнберг-Минхен.

„Кошаркарскиот Моцарт“ трагично почина на врвот на својата слава, на 29-годишна возраст, во близина на Денкендорф, враќајќи се од Полска, каде играше за Хрватска против Словенија во квалификациите за Европското првенство.

Роден на 22 октомври 1964 година во Шибеник, а на само 15 години играше за првиот тим на Шибеник. Подоцна се пресели во Цибона, со која доминираше во Југославија и Европа (двапати европски шампион).

Потоа играше за Реал една сезона (1988-1989), пред да замине во најсилната лига во светот, НБА, прво во Портланд трејл блејзерс, а подоцна и во Њу Џерси нетс, каде целосно го смени имиџот на европските играчи и им го олесни патувањето во САД.

Дебитираше за репрезентацијата на Југославија на Олимписките игри во Лос Анџелес, каде освои бронза.

Истиот медал и МВП-награда ги освои на Светското првенство во Шпанија во 1986 година, како и на Европското првенство во Грција во 1987 година.

Освои сребро на Олимписките игри во Сеул, а најголемиот успех го постигна на Европското првенство во Загреб во 1989 година и на СП следната година во Аргентина освојувајќи златни медали, титула МВП и најдобар стрелец.

По распадот на СФРЈ, тој ја предводеше Хрватска до сребро на Олимписките игри во Барселона во 1992 година и славното финале со оригиналниот американски „Дрим-тим“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот