ВИДЕО: Кошаркар на Лејкерс изведе спектакуларно забивање, воодушевен беше и Дончиќ
Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Џексон Хејс, на натпреварот против Чикаго изведе ретко видено забивање кое ги воодушеви сите љубители на кошарката. На три минути до крајот на натпреварот, Хејс ја украде топката на својата половина и сам тргна во контранапад, кој го заврши на спектакуларен начин.
Препорачано
Хејс изведе т.н. „Ист Беј“ забивање, односно забивање при кое при одразот топката се префрла низ нозете, потег што обично се гледа на „Ол-стар“ натпреварите во забивања.
Овој атрактивен момент го воодушеви и Лука Дончиќ, кој не ги криеше емоциите откако беше сведок на потег од ваков калибар.
Лејкерс славеа на гостувањето кај Булс со 129:118, а најдобар поединец на средбата беше токму Дончиќ, кој натпреварот го заврши со 46 поени, седум скокови и 12 асистенции.
Хејс на паркетот мина 23 минути и придонесе со осум поени и четири скокови.
JAXSON HAYES EASTBAY OMG 🚨🤯 pic.twitter.com/cyhuztmXh8
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 27, 2026
Replay of Jaxson Hayes steal and between legs dunk pic.twitter.com/SXhjxmQ7QD
— ✶Ⓜ️𝕒𝕣𝕔𝕦𝕤 ▶️✶ (@_MarcusD3_) January 27, 2026
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
52мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


