ВИДЕО: Конте дебитираше со победа на клупата на Тотенхем, Рома се спаси од пораз на „Олимпико“

Конте на првиот натпревар на клупата на Тотенхем го совлада Витесе со 3:2/ фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Антонио Конте со победа ја започна ерата како тренер на Тотенхем. Англискиот тим со 3:2 го совлада Витесе во четвртото коло во УЕФА Конференциската лига, а сите пет голови беа постигнати во првото полувреме. Со оваа победа, Тотенхем го прескокна Витесе на табелата.

Тотенхем поведе со 3:0 за само 28 минути игра, резултатот го отвори Кореецот Сон во 15 минута, Лукас во 22. минута зголеми на 2:0, а шест минути подоцна Расмусен си постигна автогол.

Кога сите помислија дека Тотенхем ќе оствари убедлив триумф, Витесе до крајот на првиот дел постигна два гола преку Расмусен и Беро и ја врати неизвесноста на натпреварот. И во второто полувреме не изостанаа возбудувањата иако немаше голови, но затоа судијата Бело да покаже три црвени картони.
Прво го исклучи Ромеро во 59 минута по што Тотенхем мораше да се брани со десет играчи, но во финишот италијанскиот судија им покажа два црвени картони на гостите и тоа на Деки и на Шуберт.

Екипата на Рома се чини дека не се опорави од кошмарниот пораз на гостувањето кај Бодо Глимт од 6:1 и на „Олимпико“ одигра само 2:2 против истиот противник иако повторно беа на прагот на пораз.
Гостите од Норвешка во последните моменти од првиот дел преку Солбакен, а Ел Шарави израмни во 54 минута. Ново водство на Бодо му донесе Ерик Ботеим во 65 минута, но Рома од пораз ја спаси Ибанез со голот во 84 минута.


Важна победа во групата Е оствари Феенорд кој славеше со 2:1 на гостувањето кај Унион Берлин и си обезбеди европска пролет бидејќи е лидер на табелата со 10 бода, четири повеќе од германскиот тим и шест од Макаби Хаифа.
Идентичен триумф на гостински терен оствари и Копенхаген кој го совлада ПАОК со 1:2 и се искачи на првото место во групата пред Слован и ПАОК.

Резултати:
Група А
ЛАСК – Алашкерт 2:0
Макаби Тел Авив – Хелсинки 3:0

Група Б
Гент – Партизан 1:1
Флора – Анортозис 2:2

Група Ц
Зорја – ЦСКА Софија 2:0
Рома – Бодо Глимт 2:2

Група Д
АЗ Алкмар – Клуж 2:0
Рандерс – Јаблонец 2:2

Група Е
Унион Берлин – Феенорд 1:2
Славија Прага – Макаби Хаифа 1:0

Група Ф
ПАОК – Копенхаген 1:2
Линколн – Слован 1:4

Група Г
Рен – Мура 1:2
Тотенхем – Витесе 3:2

Група Х
Каират – Карабак 1:2
Омонија – Базел 1:1

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот