ВИДЕО | Кој го објави? Крис Џенер на полиграфско тестирање за експлицитното видео на Ким Кардашијан

крис џенер кардашијан
Фото: Профимедиа

Експлицитна снимка на Ким Кардашијан и раперот Реј Џеј се појави во јавноста во 2007 година. Од тој момент во Холивуд почнаа да кружат гласини дека видеото протекло во јавноста „благодарение“ на мајката на ријалити ѕвездата, Крис Џенер.

Овие обвинувања првично беа упатени од страна на раперот Реј Џеј кој тврдеше дека Крис го направила тоа за да ја направи Ким популарна. Сепак, Крис ги негираше неговите тврдења.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kris Jenner (@krisjenner)


Имено, таа како гостинка во „The Late Late Show“ се согласи да се подложи на полиграфско испитување, а прашања и поставуваа водителот Џејмс Корден, како и помладата наследничка Кајли Џенер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kris Jenner (@krisjenner)


Кајли го започна своето испрашување, почнувајќи со едноставно прашање за нејзината мајка, дали таа е нејзиното омилено дете. Крис одговорил „да“, на што полиграфот рекол дека одговорот е „точен“.

Водителот продолжи по Кајли, прашувајќи ја Џенер:

„Дали ти помогна на Ким да го објави експлициното видеото?“

Крис одговори „не“. По неколку напнати секунди, полиграфот рече дека одговорот е „точен“.

„Благодарам. Го расчистивме тоа. Ми се допаѓа оваа игра“, рече Крис.

Крис Џенер на суд: Поранешната на син ми се закани дека ќе ја убие Кајли

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот