Крис Џенер на суд: Поранешната на син ми се закани дека ќе ја убие Кајли

Фото: Instagram

Крис Џенер вчера во изјава пред судот во Лос Анџелес изјави дека Блек Чајна, поранешната девојка на нејзиниот син Роберт Кардашијан, еднаш се заканувала дека ќе ја убие Кајли Џенер, пренесува „Пејџ Сикс“.

Мајката на славните Кардашијан изјави дека тие ја информирале за заканата пред многу години додека Кајли сè уште била во врска со раперот Тајга. Таа додаде дека Тајга повеќе пати рекол дека Чајна наводно се обидела да му наштети со нож.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blac Chyna 💋 (@blacchyna)

„Се разбира дека беше алармантно, но ние го задржавме во семејството. Тие живееја преку улица, а Чајна имаше мало дете. Бевме загрижени за ситуацијата со Тајга“, рече Крис, додавајќи дека инцидентот не бил пријавен во полиција.

Чајна беше во врска со Тајга од 2011 до 2014 година, а потоа тој беше во врска со Кајли од 2014 до 2017 година, додека Чајна беше со Роб Кардашијан од 2016 година. Чајна и Тајга го имаат синот Кинг, а со Роберт Кардашијан ја има ќерката Дрим.

Еден ден пред да сведочи Крис, Чајна рече дека сè уште била во врска со Тајга кога Кајли почнала да се гледа со него. Адвокатот на Чајна ја праша Крис дали е загрижена што Роб започнал врска со девојка која наводно ѝ се заканувала на Кајли.

„Воопшто немав никаква реакција. Тоа беше само голема драма и се навикнав во моето семејство. Се случи навистина брзо и не знаевме како ќе напредува нивната врска. Не е така, не бев загрижена. Тие имаа турбулентен однос од самиот почеток, но верувам во втора шанса и сакав да го надминат тоа“, изјави Крис и истакна дека само сакала нејзиниот син да биде среќен.

Инаку, Блек Чајна ги тужи Крис, Ким, Клои и Кајли за 40 милиони долари за изгубена заработка и повеќе од 60 милиони долари за идна заработка. Таа тврди дека славното семејство ја искористило својата моќ за да ја наруши нејзината репутација и да ги спречи финансиските можности, откако наводно се заговарале да ја откажат втората сезона на шоуто „Rob & Chyna“, што Кардашијан го негираа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @karjennerclan_

На прашањето дали разговарала со директорот на мрежата што го прикажува шоуто за нејзиното незадоволство од врската на Роберт и Чајна, Крис рече дека тоа е можно бидејќи имало многу подеми и падови во нивната врска.

„Но, јас навистина сакав Чајна да порасне и да биде подобра верзија од себе“, заклучи Крис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот