ВИДЕО | КК Црвена звезда: Нема да дозволиме политизација на спортот

КК Црвена звезда ги следи официјалните позиции на Република Србија/Фото: Принтскрин/Youtube/Sport Klub

Вчера во рамките од 21 коло во Евролигата после едно одиграно продолжение составот на Жалгирис на домашен терен со 103:98 триумфираше над Црвена звезда.

Пред стартот на натпреварот, играчите на српскиот шампион добија критики дека одбија заедно со домашните кошаркари од Литванија да го држат транспарентот со натпис „Стоп за војната“ за да ја дадат поддршката на Украина поради руската агресија.

Бидејќи гостите не покажаа солидарност, следуваше лавина на свирежи од домашните навивачи (10,206) во Каунас. По завршувањето на мечот еден од играчите на Црвена звезда, Американецот Ерон Вајт објасни што точно се случило.

– Како тим ни беше кажано да не го допираме знамето. Сакам да кажам дека не ја поддржувам војната и сакам мир во нашиот свет – напиша Вајт на Твитер.

По повод ваквите случувања, денеска белградска Црвена звезда објави соопштение до јавноста:

– КК Црвена звезда, за да спречи какви било шпекулации и се политизира гестот на нашите играчи пред натпреварот во Каунас и кошарката воопшто, е принудена да ги објави сите настани за време на преостанатиот натпревар од 21 коло на Евролигата против Жалгирис во Каунас.

КК Црвена звезда како спортски клуб и претставник на Република Србија, кој зазеде јасен став за конфликтот во Украина и ги следи официјалните позиции на нашата земја, во официјална комуникација со Евролигата и челниците на Жалгирис, јасно ставија до знаење на неколку дена пред мечот во Литванија, дека нема да се дозволи политизација и се носи транспарент во боите на знамето на која било земја, бидејќи така би биле учесници во манипулацијата и политизирањето на една од најхуманите и најуниверзалните пароли „СТОП ЗА ВОЈНАТА“.

Играчите и стручниот штаб на Црвена звезда ја следеа и постапија согласно одлуката на највисоките органи на клубот кои донесоа ваква одлука, меѓу кои и првотимецот на нашиот клуб Ерон Вајт, кој без приговори ја послуша одлуката на клубот и со својот пример покажа дека е дел од тимот.

Затоа со ова соопштение КК Црвена звезда го брани својот играч кој неоправдано беше на удар на јавноста бидејќи се залага за истите вредности како и клубот чии бои ги носи, а тоа е мир, крај на оваа војна и страдање на невини цивили и деца! Случајот со Ерон Вајт, кој исто така играше за Жалгирис (кој како клуб ја злоупотреби оваа ситуација) и моментално игра за Црвена звезда, ја покажува целата апсурдност и сериозност на ситуацијата во која се најдовме сите, но и опасност од политичко мешање во спортот!

Затоа апелираме до сите „звездаши“ да не го осудуваат Ерон Вајт и да не се мешаат во политиката (и односите што можеби не ги разбираат), туку да го поддржат како спортист, играч на Црвена звезда кој од доаѓањето се однесува како врвен професионалец во нашиот клуб, а кој во неделата вечерта застана покрај својот тим и го направи она што многумина во неговата (конкретна) ситуација не би го направиле!

Сега го имаме секое морално и друго право да очекуваме Евролигата итно да реагира, да покрене дисциплинска постапка и соодветно да го санкционира ова прекршување на основните принципи и подзаконски акти на Евролигата и да ги казни одговорните за политизирани и очигледно подготвени инциденти и малтретирање на нашата екипа, нашите навивачи и навреда на нашата земја и нашиот клуб во Каунас.

Во спротивно, се отвора вратата и можностите за сите учесници во натпреварувањата во Евролигата да ги користат своите натпревари за промовирање на политиката, своите проблеми и незадоволства, а не за спорт – стои во дел од соопштението на КК Црвена звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот