ВИДЕО | Ќерката на Мадона во конфликт со обезбедувањето: Не ја пуштија на ревија 

Фото: Profimedia

Ќерката на Мадона, Лурдес Лола Леон, доживеала вистинска непријатност поради доцнењето на ревијата на Марк Џејкобс, поради што не можела да влезе на истата.

Снимката со Лурдес стана вирална на социјалните мрежи. Лурдес, имено, пристигнува на ревијата, но обезбедувањето не ја пушта, поради што со минути чека пред вратата.

Насобраните го убедувале обезбедувањето да ѝ дозволи да влезе на ревијата, а некои дури и скандирале „пуштете ја“ и „не знаете која е таа?“

Фото: T.JACKSON / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Интересно е што овој инцидент се случи само две години откако Лурдес беше најавена како заштитно лице на овој бренд.

Инаку, на видеото пишува дека Лурдес дошла на настанот во 18 часот, токму во моментот кога започнало шоуто.

Лурдес на крајот се откажала и заминала, а додека поминувала покрај папараците, главата ја покрила со раката.

Да потсетиме, Лурдес неодамна во интервју за странски медиуми проговори за инцидентот од ноќниот клуб во кој се степала со непозната девојка која ја навредувала нејзината мајка Мадона.

„Јас не сум некој кој не ги почитува луѓето или се однесува арогантно, но ако ме нападнеш грубо, подобро чувај се“, рекла Лурдес.

ФОТО | Ќерката на Мадона со небричени пазуви на Мет Гала: Лурдес Леон е поборник на природниот изглед

Лурдес Леон e заштитно лице на новата модна кампања на Марк Џејкобс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот