Лурдес Леон e заштитно лице на новата модна кампања на Марк Џејкобс

Instagram

Лурдес Лола Леон уште еднаш докажа дека го наследила извонредниот стил на нејзината мајка Мадона.

Два месеци откако се појави на рекламата инспирирана од „Y2k“ за „Juicy Couture“, ќерката на Мадона стана заштитно лице на новата пролетна кампања на Марк Џејкобс.

24-годишната танчерка и манекенка, се појави во неколку авангардни изгледи од американскиот моден бренд.

Instagram
Instagram

Од фотографиите може да се види дека Лола совршено се вклопува во идејата на брендот, таа позира со новите уникатни акцесоари на Џејкобс, новите „tote bags“, патики, впечатливи градници, накит…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marc Jacobs (@marcjacobs)

Марк има долга приказна со Мадона и затоа имаше смисла Лола да биде заштитно лице на кампањата, бидејќи таа совршено го вметнува младиот дух и бескомпромисното чувство за индивидуалност кое е од клучно значење нашиот бренд“, се наведува во соопштението до јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marc Jacobs (@marcjacobs)

На фотографиите, Леон е со црвена коса, долги црвени нокти и впечатливи веѓи, додека позира во разноразни парчиња од познатиот бренд.

Ѕвездата ја отелотворува етикетата – која го „слави еклектицизмот и индивидуализираниот пристап кон личниот стил“, прифаќајќи ги авангардните пози.

Instagram
Instagram

Таа објави неколку од фотографиите на својот инстаграм-профил заблагодарувајќи му се на Џејкопс се за довербата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот