ВИДЕО | Ким Кардашијан очајна и расплакана: „Би направила сѐ за да го вратам стариот Канје“

Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Во тизерот за новата епизодата на „The Kardashians“ која ќе се емитува следната недела, Ким Кардашијан се расплака пред нејзината сестра Клои поради поранешниот сопруг Канје Вест. Таа не може да поверува колку многу се променил Канје, откако тие се разделија, пишува „Пипл“.

На прашањето на Клои дали е добро, Ким ја наведна главата и плачејќи рече дека „не е добро“.

Бришејќи ги солзите од нејзиното лице, вознемирената Ким заплака во прегратката на својата сестра. „Едноставно не можам“, рече таа плачејќи.

„Толку е различен од личноста со која се омажив“, објасни Ким во својата исповед, мислејќи на Канје. „Таа личност ја сакав и таа ја паметам. Ќе направам сѐ за да ја вратам таа личност“.

Ким и Канје се разведоа во март 2022 година по шест години брак. Поранешниот пар започна да се забавува во 2011 година и ја добија нивната прва ќерка Норт (10) во јуни 2013 година. На крајот се венчаа во 2014 година и добија уште три деца: Сеинт (7), Чикаго (5) и Псалм (4).

Во епизодата на „The Kardashians“ од 1 јуни, Ким се отвори за непредвидливото однесување на Канје, кое вклучуваше онлајн напади и обвинувања против нејзиното семејство и најблиските.

„Најтешко е чувството да гледаш некој што навистина го сакаш и со кој имаш семејство да биде толку поинаков од оној што го знаеш“, изјави Ким во својата исповед.

„Понекогаш се чувствувам како да го допре дното, тоа е негов пат што треба сам да го сфати. Порано трчав наоколу и им се јавував на сите зад неговиот грб, за да им кажам: „Ќе биде во ред, ќе биде добро, не грижете се. Само дајте му уште една шанса“, изјави реалити ѕвездата, додавајќи: „Едноставно ја немам таа енергија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот