кики рахимовски
Кристијан Кики Рахимовски / Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Кики Рахимовски во солзи: Татко ми и јас немавме класичен однос, почнав да ги правам неговите грешки…

Синот на Аки, Кристијан Кики Рахимовски одамна беше во посета на Македонија, па во интервју за „Бекстејџ“ проговори за врската со својот татко и откри зошто веднаш по смртта на Аки решил да замине во родниот град на татко му, Скопје.

„Сега може да се каже дека срцето ми е цело. Мислам дека дојдов овде со причина, среќен сум овде, но чувствата ми се измешани, тага и среќа… Почувствував потреба да дојдам во Македонија веднаш по погребот на татко ми, да бидам со фамилијата од страната на татко ми“, низ солзи раскажа Кики.

ФОТО: Синот на Аки Рахимовски го посети гробот на Тоше

„Делумно е и моја вина, делумно е вина на мојот луд татко… “, рече тој одговарајќи на прашањето зошто не бил во Скопје 30 години. „Важно е што сум тука. Тато е среќен, знам дека е среќен што сум тука“, вели Кики. „Зошто сето тоа мора да биде вака… Збунет сум, толку многу љубов добив тука, жал ми е што не дојдов порано“, рече тој и заплака.

Улица во централното градско подрачје ќе биде именувана по Аки Рахимовски

 

„Тато и јас немавме класичен татко-син однос поради концертите. Пред 20 години почнав да свирам, тој свиреше… Немавме класичен однос, на пример не се слушавме секој ден…. На почетокот ми беше многу тешко да разберам, уште во времето на Југославија, да го гледаш својот татко на телевизија… Татко ми не доаѓаше дома, многу свираше. Но, откако почнав да се занимавам со музика, почнав да ги правам истите грешки како татко ми. Тато и јас немавме класичен татко-син однос . Сфаќаш дека не е така лесно“, раскажа тој за нивната врска и додаде дека многу го сака својот татко.

ФОТО: Скопје се збогува со Аки Рахимовски: Денес беше поставена книга на жалост на улица Македонија

„Изградивме прекрасна врска во последните години, се поврзавме… Медиумите ги истакнуваа овие работи, но луѓето не мора да знаат сè. Сакам сите да знаат дека многу се сакавме. Тој не сакаше во мојата музика, а ниту јас во неговата“, објасни тој.

Целото интервју можете да го видите овде:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот