Улица во централното градско подрачје ќе биде именувана по Аки Рахимовски

Скопјани се простија од Аки Рахимовски / 26 јануари 2022 / Фото; EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Легендарниот пејач на „Парни ваљак“, беше погребан во алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб. Ковчегот беше прекриен со македонското знаме.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска иницирала со одлука на Град Скопје, една улица во централното градско подрачје да го носи името на Александар Аки Рахимовски.

– Аки Рахимовски, легендарниот пејач на „Парни ваљак“, беше погребан во алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб. Ковчегот беше прекриен со македонското знаме. Како Градоначалник на Град Скопје, иницирав со одлука на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името на Александар Аки Рахимовски. На последната средба со Аки во резиденцијата на Претседателот на Хрватска минатата година, гордо не поздрави со македонските песни кои нему лично му беа најдраги – најави Арсовска на својот Фејсбук профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот