ФОТО: Скопје се збогува со Аки Рахимовски: Денес беше поставена книга на жалост на улица Македонија

аки рахимовски
Фото: Слободен Печат

Поминаа само пет дена од неговото заминување од овој свет, но оние кои го познаваа сé уште емотивно се простуваат од него, а оние кои Скопјаниемотивно се препознаваа во неговите песни се уште непрекинато ги преслушуваат. На ден пред неговиот погреб граѓаните на Скопје денес имаа можност да се збогуваат со „Скопјанецот“ на плоштадот Македонија.

Во центарот на Скопје одекна гласот на Аки Рахимовски и песните на Парни Ваљак додека минувачите положуваа цвеќе пред паното поставено од радио Бубамара на кое пишуваше „Тажна е нашата улица…“.

аки плоштад
Фото: Слободен Печат

Оние кои имаа последни зборови да ги упатат на рокенрол легендата имаа можност да ги овековечат во отворената книга на жалост. Меѓу нив беа и претседателот на Македонија Стево Пендаровски, министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов, музичарите Александар Митевски и Александар Тарабунов, и актерот Драган Спасов Дац.

аки плоштад
Фото: Слободен Печат

Главниот собир со учество на хорови, пејачи и пријатели кои заеднички ќе отпејат некои од најголемите хитови на бендот Парни Ваљак се одржува вечерва со почеток во 18 часот на плоштадот Македонија во Скопје.

Аки Рахимовски почина на 21 јануари 2021 во Словенија на 67-годишна возраст.

 

 

аки плоштад
Фото: Слободен Печат
аки плоштад
Фото: Слободен Печат
аки плоштад
Фото: Слободен Печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот