ВИДЕО | Киев го обвини Милош Биковиќ дека поддржува геноцид и го прекршува меѓународното право

Фото: Instagram / bikovic

Украинското Министерство за надворешни работи се огласи по веста дека Милош Биковиќ ќе игра во третата сезона на серијата „Белиот лотос“ (White Lotus).

Српскиот актер со завидна кариера и во Русија, постигна голем успех и затоа ќе се појави во третата сезона на популарната серија на ХБО (HBO), која предизвика реакции и коментари во Украина.

„Милош Биковиќ, српски актер кој ја поддржува Русија од почетокот на целосната инвазија, сега ќе глуми во третата сезона на ‘Белиот лотос’ на ХБO“, објави украинското министерство на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).

Во споменатата објава има и снимки на Биковиќ со различни реплики во филмови, изјави за Русија, како и награди што ги добивал во Србија и Русија.

„Дали е во ред да се работи со личност која поддржува геноцид и го прекршува меѓународното право?“, е прашањето што Украинците го испратија до платформата ХБО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот