ВИДЕО: Кепа трагичар, Ливерпул после пенал драмата го освои Лига купот

Деветти трофеј за Ливерпул во англискиот Лига куп/Лондон, Велика Британија/27 февруари 2022/Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Фудбалерите на Ливерпул дојдоа до трофејот во англискиот Лига куп откако на пенали го совладаа Челси со 11:10 (0:0) во големото финале на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Видовме еден доста возбудлив натпревар, победникот го дознавме дури после пенал серијата во која сите прецизни, освен еден.

Дури и резервниот голман на Ливерпул, Келехер го реализираше 21 пенал во низа, а потоа непрецизен беше Кепа Аризабалага, голманот кој Томас Тухел го внесе во игра само за да брани во пенал серијата.

Не успеа да одбрани ниту еден од 11 удари на играчите на Ливерпул, а топката ја испрати високо над голот за крај на лондонската драма.

За „црвените“ од Енфилд ова е деветта титула, најмногу во ова натпреварување, а лондонските „сини“ останаа на пет трофеи, колку што имаат уште Астон Вила и Манчестер јунајтед, а на втората позиција на оваа вечна листа е Манчестер сити со осум титули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот