ВИДЕО | Касано го понижи Роналдо: Кристијано е најдобар по Наполеон

Кристојано Роналдо не е ниту петте најдобри фудбалери на сите времиња, смета Касано/ фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Суперагентот Жорге Мендеш и неговиот клиент Кристијано Роналдо за кого смета дека е најдобар фудбалер во историјата, беа понижени од Антонио Касано.

Поранешниот италијански репрезентативец важи за личност која нема влакна на јазикот и тоа го демонстрира уште еднаш кога зборуваше за Роналдо и неговиот агент Мендеш.

Касано беше гостин во емисија кај уште една легенда на италијанскиот фудбал, Кристијан Виери и иронично ја прокоментира изјавата на Мендеш дека Кристијано Роналдо е најдобриот фудбалер во историјата.

– Да, тој е најдобар во историјата по Наполеон Бонапарта. Доста ми е од Мендеш. Роналдо дури не е ниту петте најдобри фудбалери на сите времиња. Меси, Пеле, Марадона, Кројф и феноменот Роналдо се на други ниво – рече Касано.

Со изборот на Касано донекаде се сложи и Виери, кој имаше само една измена, на местото на Јохан Кројф стави друг Холанѓанец – Марко ван Бастен.

Интересно е што Касано за време на гостувањето во емисијата кај Виери во рацете држеше кукла од Лионел Меси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот