ВИДЕО | Каролина Гочева со совршен настап на годинашните „MAC“ награди

Фото: Скриншот/Инстаграм

Вечерва во Белград, Србија се одржа првиот дел од годинашното доделување на регионалните музички награди „Music Awards Ceremony“. Водители на настанот беа хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ и српската актерка Јелена Гавриловиќ.

Нашата поп-принцеза Каролина Гочева се најде во улогата на презентер и, заедно со хрватскиот пејач Петар Грашо, ѝ ја додели наградата „Најдобра рап/хип-хоп песна на годината“ на српската раперка Сајси Ем-си, за песната „Ринге јаја“.

Во ревијалниот дел од настанот, Гочева ја изведе српската верзија на нејзиниот последен сингл „Од небо до дно“, со која успешно ѝ се врати на поп-музиката по десетгодишна пауза. Имено, таа го објави последниот поп-албум „Капка под небото“ во 2010 година. Во меѓувреме, таа ги издаде албумите „Македонско девојче 2“ и „Извор“, на кои се најдоа песни со етно примеси.

Како и секогаш, нашата Каролина уште еднаш докажа дека има совршен моден стил. За нејзината шминка се погрижи Александар Билјановски – Дадар, за фризурата – Октај Сејди, а нејзините модни комбинации беа замисла на стилистките Јована Филиповиќ и Јована Зука.

Втората вечер од „MAC“ ќе се одржи утре, со почеток од 20 часот, кога на големата сцена во „Белградската арена“ ќе настапат и нашите „Два бона“. Водители на настанот ќе бидат хип-хоп артистите Војаж и Мими Мерцедез.

Повеќе на темата:

Една дама и двајца џентлмени: Каролина, Дуке и Исмаил ни ги наполнија срцата со убавина

„Од небо до дно“ звучи и изгледа светски: Каролина со нова песна и спот

„Последни денови од лето“: Каролина Гочева ужива на море со сопругот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот