ФОТО | „Последни денови од лето“: Каролина Гочева ужива на море со сопругот

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Последните денови од септември нашата поп – ѕвезда Каролина Гочева ги користи за одмор и релаксација на море со саканиот Михаил Корубин.

Ова лето за пејачката беше доста активно. По долгата пауза не почети со нова песна и музички спот, многу настапи на кои можевме во живо да уживаме со нејзините хитови, а секако и најава за многу нови соработки и нова музика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)


И покрај бројните обврски Каролина ова лето максимално го искористи и за добар одмор. Пред еден месец со сопругот летуваа во Апулија, Италија, а потоа пејачката уживаше во Грција со својата мајка, сестра и двете внуки Луција и Инес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)


Последните сончеви и потопли денови од ова лето Каролина и Михаил ги минуваат на непозната дестинација, но најважно покрај море.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)


Пејачката на својот инстаграм – профил објави прекрасни фотографии кои ги сподели со своите фанови.

„Последни денови од лето“, напиша Каролина во описот на фотографиите.

ВИДЕО | „Од небо до дно“ звучи и изгледа светски: Каролина со нова песна и спот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот