Една дама и двајца џентлмени: Каролина, Дуке и Исмаил ни ги наполнија срцата со убавина

Фото: Инстаграм/Каролина Гочева

Дамата со непроценлив вокал Каролина Гочева, еден од најплодните музичари од овие простори Дуке Бојаџиев со огромен, фантастичен музички багаж, нашиот и светски виртуоз на кларинет Исмаил Лумановски ни подарија вечери исполнети со емоции, љубов, спомени, носталгија…

Впрочем, тоа го докажува и фактот што сите пет концерти „Песни за љубов и копнеж“ што се одржаа во Македонска Филхармонија во петокот, саботата и во неделата беа распродадени во рекордно време.

Македонската публика имаше навистина ретка можност во живо да слушне песни кои имаат есенцијална вредност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)


Албумот „Песни за љубов и копнеж“ е сочинет од 11 од најубавите, подзаборавени македонски композиции од втората половина на 20-от век – златната ера на македонската забавна музика, потпишани од некои од некои нашите најмаркантни автори: Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Инаку, проектот „Песни за љубов и копнеж“, ова фантастично трио го подготвуваа две години и конечно им го подарија на публиката жедна за добра музика, за музички времеплов.

Концертите се во организација на „Авалон продукција“.

Фотографија: Стефан Рајхл

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот