ВИДЕО | Кари постигна 60 поени во поразот на Голден Стејт, Јанис се радуваше против Дончиќ
Во последниот период во НБА лигата видовме неколку спектакуларни индивидуални изведби, а таков настап вчера имаше Стеф Кари кој против Атланта постигна 60 поени, но и тоа не беше доволно неговиот тим да победи.
Препорачано
Овие 60 поени не се рекорд за Кари бидејќи неговиот рекорд изнесува 62 поени. Голден Стејт беше поразен со 134:141 по едно продолжение. Во последната четвртина Кари постигна 22 поени и изгледаше дека ќе ја предводи својата екипа до победа. Сепак, во финишот одлично заигра Богдан Богдановиќ и Атланта го сврте резултатот.
Откако успеаа да изборат продолжение, кошаркарите на Атланта во него целосно доминира и за 2.5 минути направија серија од 11:0. Кари натпреварот го заврши со десет тројки, вкупно упати 37 шута од игра, меѓутоа ниту тоа не беше доволно. Во редовите на Атланта најефикасен беше Тре Јанг со 35 поени.
Одличен беше и Лука Дончиќ изминатата вечер кој играше повреден, но и така постигна 40 поени во поразот на Далас од Милвоки со 117:129. Во почетната фаза од средбата Дончиќ во една борба за топка со Јанис незгодно падна и го свитка зглобот. Поради тоа го напушти натпреварот, па се врати по укажаната помош.
На теренот за 42 минути дојде до дабл-дабл до 42 поени и 11 асистенции. Супер издание на спротивната страна имаше Јанис со 48 поени, 10 асистенции и шест скока.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Филаделфија – Бруклин 121-136
Атланта – Голден Стејт 141-134
Чикаго – Сакраменто 115-123
Далас – Милвоки 117-129
Њујорк – ЛА Лејкерс 105-113
Сан Антонио – Кливленд 101-117


