карди би
Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

ВИДЕО | Карди Би доживеа незгода на концерт: Падна од столица, па на шега ја обвини американската влада

Раперката Карди Би доживеа мала незгода за време на настап во арената Т-Мобиле во Лас Вегас, кога среде изведба на песна изгуби рамнотежа и падна од столица.

Инцидентот се случил пред илјадници обожаватели, но пејачката речиси веднаш станала и продолжила со настапот како ништо да не се случило. Во свој препознатлив духовит стил, таа се пошегувала дека за падот „е виновна владата“, што предизвикало смеа кај публиката и бројни реакции на социјалните мрежи.

Снимката од незгодата брзо се прошири на интернет, а фановите коментираа дека реагирала професионално и не дозволила ситуацијата да ја наруши енергијата на концертот.

Подоцна, Карди Би и самата го сподели видеото, иронично додавајќи дека снимката „веројатно е создадена со вештачка интелигенција“.

Настанот се случи во рамки на нејзината актуелна турнеја, со која го промовира албумот „Am I the Drama?“. Турнејата веќе привлекува големо внимание, не само поради музичкиот спектакл, туку и поради нејзините отворени ставови за општествени и политички теми.

Неодамна, за време на еден настап, таа зборуваше и за имиграциските прашања во Соединетите Американски Држави, што предизвика бурни реакции во јавноста.

Имено, Карди Би влезе во жестока онлајн расправа со Американско министерство за внатрешна безбедност, откако на концерт од турнејата „Литл Мис Драма“ изјави дека би ги заштитила своите обожаватели доколку агенти за имиграција се обидат да упаднат на нејзин настап. Изјавата брзо стана вирална и предизвика големо внимание, по што официјалниот профил на министерството на социјалната мрежа Икс одговори со саркастичен коментар, алудирајќи на нејзини контроверзни изјави од периодот пред славата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот