Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Камера од автомобил ја снимила трамвајската несреќа во Сараево

По трагичната трамвајска несреќа што денеска се случи во Сараево, во која загина 23-годишен маж, а четири лица беа повредени, на социјалните мрежи се појави ново видео од самиот момент на несреќата.

На видеото, кое според објавите е снимено од друго возило што се движело во близина, јасно се гледа како трамвајот излетува од шините на раскрсницата кај Земалскиот музеј, удира во трамвајско стојалиште и завршува на коловозот. Снимката дополнително ја илустрира силината на ударот и хаосот што следел веднаш по инцидентот.

Трамвајот се движел од Железничката станица кон Башчаршија. Во несреќата животот го загуби 23-годишен маж, додека четири лица се повредени.

Кантоналното обвинителство соопшти дека увидот ќе продолжи и утре. Постапката ја водат двајца обвинители, со присуство на судски вештаци од машинска и сообраќајна струка, со цел да се утврдат сите околности и причините за несреќата.

Трамвајот по завршување на увидот ќе биде префрлен во кругот на градското сообраќајно претпријатие ГРАС, каде ќе следува дополнително вештачење. Од надлежните засега не се соопштуваат повеќе детали, сè додека не завршат експертските анализи.

Од Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево потврдија дека сообраќајот во дел од централното градско подрачје бил привремено затворен, што предизвика застои и пренасочувања.

Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево прими три лица на лекување, додека 17-годишна девојка со тешки телесни повреди е хоспитализирана во Општата болница „Прим. др. Абдулах Накаш“, каде поради сериозноста на повредите ѝ била ампутирана ногата.

Новата видео-снимка може да биде клучна во понатамошната истрага, која треба да утврди како и зошто дошло до излетувањето на трамвајот од шините.

ВИДЕО| Страшна несреќа во Сараево – трамвај излета од шините, загина девојка, неколкумина се повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот