ВИДЕО| Страшна несреќа во Сараево – трамвај излета од шините, момче загина, неколкумина се повредени
Страшна сообраќајна несреќа се случи попладнево во центарот на Сараево, откако трамвај излета од шините и заврши на улица. Во несреќата загинало 23-годишно момче, а има и повредени, пренесуваат босанските медиуми.
Препорачано
Трамвајот, кој се движел од правец на Железничката станица кон Баш-чаршија, излетал од шините на раскрсницата во близина на Националниот музеј и завршил на коловозот наменет за автомобили. Според првите официјални информации од полицијата, во несреќата загинала една девојка, а двајца луѓе се повредени.
„Во трамвајска несреќа во реонот на Центарот загинало едно лице. Две лица се повредени, според моменталните податоци. Обвинителот е информиран“, потврди портпаролката на МУП, Мерсиха Новалиќ.
При излетувањето девојката била стисната од трамвајот, а за да дојдат до нејзиното тело, пожарникарите морале да ја сечат оштетената конструкција на возилото.
Голем број полицајци и пожарникари се на терен, а брзата помош ги однела повредените во болница со неколку возила.
Станува збор за еден од старите трамваи чешко производство, кои постепено се повлекуваат од употреба откако минатата година започна нивна замена со нови возила, чиј производител е швајцарски „Штадлер“. Досега жупаниската влада набавила 25 нови трамваи, но некои од старите, купени пред повеќе од 40 години, сè уште се во употреба.
ВИДЕО | Камера од автомобил ја снимила трамвајската несреќа во Сараево


