ВИДЕО: Каква завршница во Рим, Жозе Мурињо во делириум во неговиот 1000 меч

Мурињо со победа го прослави големиот тренерски јубилеј/Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Вечерашната програма во рамките на третото коло во италијанската Серија А заврши со натпреварот на „Олимпико“, каде Рома го совлада Сасуоло со 2:1 во самиот финиш од средбата.

Римскиот клуб поведе во 37 минута со голот на Кристанте и таа предност ја чуваа до крајот на полувремето, а треба да се каже дека им беше поништен гол гостите во 27 минута откако Берарди беше во офсајд позиција.

Во продолжение, Сасуоло одигра подобро, израмнувајќи во 57 минута со голот на српскиот репрезентативец Ѓуришиќ, после асистенцијата на Берарди.

Гостите имаа уште неколку шанси за целосен пресврт и победа на овој меч, но тие не ги искористија и беа казнети за тие промашувања кога влегоа во судиското надополнување.

На 15 метри од голот на гостите, Шомуродов го пронајде Ел Шарави, кој со еден извонреден удар откосо од левата страна стрелаше за поставување на конечниот епилог.

Домашната екипа секако го прослави овој гол со своите навивачи, а тренерот на Рома, Жозе Мурињо, за кого ова беше јубилеен 1000 натпревар во кариерата како професионален тренер, истрча на трибината со навивачите и заедно со своите играчи ја прославија победата, вкупно 639 од тие 1000 мечеви.

„Гранде“ Пандев третопласиран по бројот на настапи во италијанската Серија А

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот