„Гранде“ Пандев третопласиран по бројот на настапи во италијанската Серија А

Уште 25 настапи му недостасуваат на Горан Пандев да биде во клубот „500“/Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев одлучи уште една година да ги брани боите на Џенова, негова севкупно 18 сезона во најсилното италијанско првенство.

Нашиот напаѓач има два настапи во новата сезона, а неговиот клуб загуби во првите две кола во Серија А од милански Интер и Наполи на Елиф Елмас.

Кога сме кај настапите во Серија А, Пандев има 475 официјални натпревари, или трет на листата играчи со најмногу настапи кои и натаму се активни.

На првата позиција е голманот Самир Хандановиќ со 517 настапи, а на второто место Фабио Кваљарела со 502.

Зад Македонецот во Топ 10 се Џорџо Кјелини (410), Андреа Консиљи (405), Антонио Кандрева (399), Леонардо Бонучи (393), Лоренцо Де Силвестри (373), Стефан Раду (338) и Јосип Иличиќ (321).

Денеска од 15.00 часот во рамките од третото коло во шампионатот Џенова гостува кај Каљари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот